Во Националната установа библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, утре, 5-ти декември, ќе се одржи промоција на книгата „Златна лира“ од Пандора Јовановска – Илиевска.

Рецензент на делото е доц. д-р Христо Петрески, а стихови ќе читаат: Милан Крстевски (Македонски јазик), Јана Арсовска (Француски јазик) и Маре Бошалева (Англиски јазик), придружувани од музика во изведба на флејтистката Кристина Љушкоска.

Промоцијата ќе се одржи во Прличевата одаја при градската библиотека, со почеток во 18 часот. 

Промоцијата е дел од годинешните празнувања кои ги организира Општина Охрид во чест на патронот на градот Св.Климент Охридски.

OhridNews