Денеска на пладне во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи промоција на романот „Гревот на една ромка“ („Грех једне ромкиње“) од Златомир Јовановиќ од Обреновац. – Србија.

 

Јовановиќ е познат културолог , книжевник, естетичар и публицист. Тој е прв учител по ромски јазик во Србија и голем поборник за оствaрување на правата на Ромите во соседна Република Србија.

За творештвото и животниот пат на Јовановиќ ќе говорат неговите колеги Ибрахим Џемаили од Скопје и Мирко Томовски од Охрид.

OhridNews