Германката Грит Функе од Берлин на свет донела близначки, од кои едната била бела, а другата црна, што статистички се случува еднаш во милион случаи. Како што пренесуваат медиумите, Грит и нејзиниот партнер од Нигерија биле вчудоневидени кога виделе дека ќерките им се со различна боја на кожата. Функе со сегашниот партнер веќе имала еден син, а имала и уште два сина од првиот брак.
Лекарите соопштиле дека двете бебиња биле во совршена здравствена состојба. Во последниве шест години ова е трет ваков случај во Германија. Близнаци со различна боја на кожата се родиле во Лајпциг во 2005 година, како и во Берлин во 2008 година.