Дали питон со две глави е двојно поопасен од обичниот питон наскоро ќе проверат луѓето во зоолошката градина во германскиот град Вилинген каде е роден црно златен питон со две глави. Во светот пред оваа змија постоел само уште еден питон роден со две глави, а миленикот во оваа зоолошка е стар една година и долг 50 сантиметри.


Возрасните единки на овој вид питони можат да пораснат до 1,2 метри, а познати се по тоа што кога ќе почуствуваат опасност се собираат во круг. Овие питони не се отровни и по потекло се од Африка. Инаку, често можат да се сретнат како домашни миленици кај љубителите на рептили во Европа.