Германските учители за третманот на поедини ученици одлучуваат и според нивните имиња. До овој заклучок дошле авторите на студијата направена на основа на една анкета помеѓу 2000 наставници во основните училишта. Учителите требало покрај другото да одговорат кои имиња никогаш не им би ги дале на сопствените деца и да наведат кои имиња ги асоцираат на негативно однесување кај учениците.
Резултатите покажале дека успешни во училиштата наставниците ги сметаат децата кои се викаат Александар, Максимилијан, Симон, Лукас и Јакоб, додека кај женските позитивно биле вреднувани Нели, Мари, Ема и Катарина. Според наведената студија лошо поминувале децата кои се викале Жаклин, Шантал, Анџелина, Менди, Џастин, Денис или Марвин. На самиот врв на листата имиња за кое учителите веруваат дека ги имаат децата кои се лоши ученици се наоѓа Кевин.