Американецот Џеси Тејлор од калифорнискиот град Хиспери бил во потрага за ракун или некое слично животно, за кое мислел дека случајно завршило во неговата гаража, но се запрепастил кога очи во очи се нашол со пума која залутала во гаражата. Според локалните медиуми, планинскиот лав стар околу една година, претходно бил забележан во околината на градот.


Откако неговата сопруга ја алармирала полицијата, ветеринарите пристигнале да го успијат животното кое подоцна било ослободено во шумата во близина на градот. Пумата припаѓа на семејството големи мачки. Може да трча до 50 километри на час, а од место да скокне шест метри. мажјаците се долги 2,5 метри и тежат околу 70 килограми.