Десет лица се уапсени денеска во југоисточниот дел на Франција и во регионот на Париз под сомнение за планирање убиства на политичари, пренесува АФП повикувајќи се на неименуван извор близок до истрагата.

Антитерористичката полиција уапсила осомничени лица на возраст од 17 до 25 години, а во контекст на истрагите за екстремно десничарските активисти, изјавил извор за органите безбедност.