Машката ракометна репрезентација финалните подготовки за Светското првенство во Катар следната година ќе ги има на турнир во Франција.
На турнирот кој е на 10 јануари покрај домаќинот ќе учествуваат Алжир и Русија. Избраниците на селекторот Ивица Обрван ќе одиграат два натпревари и тоа против Франција и во зависност од резултатот ќе се одреди вториот противник.
Во групата на Мундијалот македонските репрезентативци се наоѓаат со Хрватска, Босна и Херцеговина, Австрија, Тунис и Иран.
Еден од најспекталурните собири на сите ракометна ѕвезди започнува на 15 јануари, а ќе трае до 1 февруари.
Мх.П.