Во Франција и оваа година ќе се одржи собир на противниците на Нова година. Движењето познато под името „Фронт Против Нова година“ основано во 2006 година ги повикува приврзаниците да се соберат пред статуите на слободата, кои низ Франција ги има вкупно 16 во знак на протест.
Минатогодишниот слоган „2009 ќе остане во стадиумот јајце“ го замениле со овогодинешниот „2010 е расипана“. Движењето добива се повеќе приврзаници и надвор од границите на Франција. Фронтот против Нова година имаше намера да организира собир пред седиштето на Обдинетите Нации во Њујорк, но од тоа се повлекоа поради епидемијата на свински грип.