Двајца ловци во Флорида фатија бурмански питон долг 5,71 метри, што е рекорд за американската сојузна држава богата со влекачи од сите видови.
Змијата, чиј вид е меѓу најголемите во светот, тешка е 47 килограми, наведе локалната Агенција за заштита на животната средина.
Питонот е заловен 60 килоемтри источно од Мајами.
Бурманскиот питон на Флорида се смета за инванзивен вид, кој е донесен од Југоисточна Азија кон крајот на 20 век и во мочуриштата на националниот парк Еверглејдс, пронајде идеален екосистем за размножување.
OhridNews