Новиот ангажман на Чедомир Јаневски ја изненади целата македонската јавност и Фудбалската федерација на Македонија, која сеуште незнае за преминот на „чеде“ во белгискиот клуб.
– Како Фудбалска федерација немаме информација дека Чедомир Јаневски има нов ангажман. И лично не сум информиран за тоа. Па поради тоа не би сакал да преујдицирам со било какви изјави затоа што, како што знаеме, и претходно медиумите го поврзуваа Јаневски со разно-разни клубови – рече првиот човек на ФФМ, Илчо Ѓоргиоски.
Претседателот на Ѓоргиоски неодамна му понудил нов договор на Јаневски по завршување на тековниот, но сеуште не добил одговор од актуелниот селектор.
– Со оглед на тоа што договорот на Јаневски му истекува по крајот на овој квалификациски циклус, може да кажам дека ние како федерација веќе сме во преговори со него за продолжување на истиот. Имаме доставено официјална понуда до него, па очекувавме пред собирот за последните два квалификациски дуели да го слушнеме неговиот одговор, или планови за иднина, па и официјално да го затвориме тоа прашање. Тоа е единствениот факт во овој момент. Значи, со оглед на тоа што имаме понуда за продолжување на договорот, значи сакаме и натаму да остане на клупата на македонската репрезентација – потенцираше Ѓоргиоски.
Дали ќе продолжи Јаневски на клупата од националниот состав или ФФМ брзо потезно ќе назначи нов селектор, кој ќе има задача да го залечи сега веќе ранетиот лав ќе покажи времето.
Мх.П.