Во февруари годинава се издадени 250 одобренија за градење, што е за 27,7 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Најмногу нови одобренија, 85, има во Скопкскиот регион, по што следат Полошкиот со 53, Југоситочниот со 38, Југозападниот 22…

Во Охрид има издадено 2 одобренија за градба, во Струга 1. Одобренијата се издадени на физички лица.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите кои ќе се градат во државава изнесува 2 763 961 000 денари, што е за 39,7 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење на ниво на држава, 138 (55,2 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 29 (11,6 проценти) од нискоградба и 83 (33,2  проценти) за објекти за реконструкција.

На 146 (58,4 проценти)  од објектите како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 104 (41,6 проценти)  инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 440 станови, со вкупна корисна површина од 40 405 метри квадратни.

OhridNews