Со поздравни говори и пригодна програма во Охрид беше отворен 25- от ЕКК во шах. На Купот на кој од 3 до 11 ќе се игра во “олимписка“ Македонија се очекува учество да земат повеќе од 600 шахисити од 37 земји од светот.
Многу среќа и интересни натпревари на шахистите и м посака првиот човек на европската шаховска федерација Борис Кутин:
–
За нас овај куп е број еден натпреварување, а на него ќе учествуваат врвните шахисти. Се надевам дека Охрид на сите ќе ни остане во добро сеќавање – рече преседателот на ЕКУ,Кутин.
Европскиот клупски куп е најзначајниот спортски настан годинава во Македонија, а втор по ранг во нејзината шаховска историја, по Олимпијадата во Скопје 1972 и поединечното ЕП во Охрид 2001.
–
Организцијата на вакво големо натпреварување е остварување на сонот за оваа генерација шахисти. Целиот шаховски свет ќе биде обединет овде во Охрид. Ние не правиме нешто што претходно не сме го направиле, напротив само ја продолжуваме традицијата – истакна преседателот на ШФМ Петар Гичароски.
Честа да го отвори 25- от ЕКК му припадна на директорот на Агенција за Спорт и Млади Драг Ѓурчевски :
– Голема чест е да се биде домаќин на ваква традиционална меѓународна манифестација и домаќин на спортисити ширум европа . Шахистите кои дојдоа да настапат овде во Охрид, сигурен сум дека ке го препознаат нашето гостопримство и со пофални зборви ќе зборуваат за нас. На сите им посакувам во фер плеј борба да победат најдобрите – рече директорот на АМС Драган Ѓурчевски.
Покровител на шаховскиот куп е владата на Република Македонија.
М.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com