Во редовна акција на владиното координативно тело за заштита на интелектуалната, индустриската и друг вид сопственост, вчера во фабриката „Примариус“ во Охрид се запленети 15.000 пара фалсификувани чорапи од марките „Пума“, „Адидас„, Најк“ и други марки.

Запленети биле и 50.000 етикети од споменатите марки.


дел од запленетата стока

Координативното тело за заштита на индустриската сопственост соопшти дека се запечатени 42 машини во фабриката „Примариус“, а против сопствениците Томислав и Димитар Балабанови ќе биде покрената соодветна кривична и пшрекршочна постапка.

Како што соопшти на прес конференцијата раководителот на Координативнорто тело, Мите Костов, за време на акцијата присутен бил и претставник на „Пума“ во Македонија а случајот бил целосно документиран.


Координативното тело и МВР најавија нови акции

Костов соопшти дека акциите на Координативното тело не селективно ќе продолжат и во иднина со цел, како што рече, да се намали обемот на фалсификувана стока односно повредите на интелектуалните права поради што македонската економија трпи огромни загуби.

Г. Момироски