Во Формула 1 шампионатот започнува нова ера откако за осум милијарди евра сите права ги откупи фирмата Либерти Медија.


Новите сопственици најавија големи промени, почнувајќи од зголемување на вкупниот број на патеките и  популарноста во Америка, а најмногу во прилог на клубовите оди што ќе имаат можност да вложуваат во Ф1.

– Клубовите ќе имаат прилика да активно да учествуваат во Формула 1, нешто што не беше замисливо до сега. Наскоро ќе ги објавиме сите детали околу тоа, а веќе неколку екипи не контактираа. – стои во соопштението од новите сопственици.

Извршниот директор Берни Еклстоун го поздрави потегот на новите сопственици. – Се надевам дека овој договор ќе биде корисен за Ф1. Сите се среќни и задоволни од расплетот, а то мене ми преставува големо задоволство. Верувам дека е ова е правилна работа за сите клубови кои се натпреваруваат со големи амбиции.

OhridNews