Редок розе делфин, кој доби име Пинки, откриен е во Луизијана, а сега е утврдено дека е во прашање делфин од женски пол. Ерик Ру вели дека досега овој делфин го фотографирал многу пати додека се парел и вели дека дефинитивно е женка. Според него тој прв ја забележал уште во 2007 година и досега открил многу нешта за неа. Инаку, Ерик е капетан на еден туристички брод кој крстари по езерото Чарлс во Луизијана, и откако ја открил, Пинки стана вистинска ѕвезда и голем број луѓе доаѓаат на езерото со надеж дека ќе успеат да ја фотографираат.

 

Ерик раскажува дека многумина остануваат изненадени кога ќе ја видат во живо и кога ќе сватат дека навистина е со силна розе боја. Научниците сеуште не знаат од каде доаѓа оваа необична боја на делфинот. Бидејќи делфините имаат розе стомак, се претпоставува дека во прашање е некоја генетска мутација, бидејќи доколку е албино, делфинот би бил потполно розев.