Истото важи и за другите традиционални специјалитети. Дрвените чинии за послужување, земјените тави и грниња, бакарните ѓезвиња и прибори за јадење и слично и натаму ќе може да се употребуваат доколку се изработени според пропишаните правила. Со тоа не само што ќе се задржи автентичноста на македонската национална кујна, туку и ќе се спречи изумирањето на старите занаети.
Деновиве беше промовирана брошурата „Безбедни традиционални садови за чување, приготвување и служење храна“ која на занаетчиите и производителите на храна треба да им помогне како да го прилагодат своето производство на европските стандарди.