Во експлозијата предизвикана од жена бомбаш самоубиец на свадбена прослава во јужна Турција загинаа најмалку 50, а 73 лица се ранети, објави агенцијата Рojтерс повикувајќи се на владини извори, јавува „Макфакс“.
Претходните медиумски извештаи говореа за осум заинати и 60 ранети.
Експлозијата одекланла во градот Газиантеп на свадбена прослава. Претходно за телевизијата НТВ, турскиот вицепремиер Мехмет Шимше изјави дека нападот го извршила бомбашка самоубиец.
На местото на нападот набрзо пристигнале бројни возила на брзата помош, а полицијата го блокираше велото подрачје.
Одговорноста за експлозијата на свадбената свеченост на локални Курди која се одржувала во дворот на локалното училиште и започнала да се слави на улиците во градот, а се случи во близина на Акдере во близината на округот Шахинбеј, засеа не ја презема ниедна од терористичките организации.
Претходно претставникот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), Шамил Тајар изјавил дека според прелиминарните сознанија осомничена за овој напад е ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава.
Парламентарниот пратеник на прокурдската Народна демократска партија Махмут Тогрул за Реутерс потврдил дека станува збор за напад врз курдска свадбена свеченост. Досега одговорноста за нападите врз курдските собири ја преземаше Исламската држава.
Агенцијата Анадолу ја пренесе изјавата на гувернерот на Газиантеп, Али Јрелиај, дека станува збор за „терористички напад“.
OhridNews