Во експлозија на бомба во близина на автобуска постојка во Истанбул, вчера, повредени се три лица. Експлозијата се случила во централниот истанбулски округ Меџидиекој, а како што пренесуваат светските медиуми, експлозивната направа се наоѓала во најлонска кеса.
Неколку часа претходно полицијата откри сомнителна торба оставена на централниот истанбулски плоштад Таксим, во чија близина се наоѓаат бројни познати хотели и ресторани. Откако просторот бил блокиран, полицијата успеала да ја прегледа торбата и да ја детонира експлозивната направа.
Во Истанбул последните месеци се случија неколку терористички напади врз туристи.
OhridNews