Силна експлозија одекнала во бар во централниот дел на северната италијанска метропола Милано, рано утрово, околу два часот, при што се повредени десет лица, соопшти италијанската полиција. Сите повредени се хоспитализирани во неколку милански болници, но нивните животи не се загрозени.

Според прелиминарната истрага, во моментот на експлозијата локалот веќе бил затворен. Сите настрадани се станари од првиот кат од зданието во кое се наоѓал барот.

Експлозијата предизвикала пожар, поради кој станарите од околните згради биле евакуирани. Некои од повредените се задушиле со чадот, а пожарот брзо бил изгаснат и станарите се вратиле во своите домови.

Полицијата не ја исклучува можноста експлозијата да била подметната, иако првичните сомневања се дека станува збор за истекување на гас за домаќинства, и соопшти дека уште се води истрага за инцидентот.

OhridNews
извор Макфакс