Во присуство на градоначалникот на Охрид Константин Георгиески и претставници на Секторорт за туризам и локален економски развој при општината, директорот на Црвен крст Охрид Сашо Точков и претставникот на Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ Охрид, Др. Виоелета Мојсовска, денеска, беше презентиран пилот проектот „Cross4all“ за формирање мултидисциплинарни тимови на здравствени експерти, соодветно обучени и опремени со иновативни мобилни комплети, кои ќе пружаат помош во домовите на лица со попреченост или намалена мобилност. Посебен акцент ќе биде ставен на домашните посети, медицински и психолошки прегледи на пациенти позитивни на КОВИД-19.

За таа цел, Општина Охрид во соработката со Црвен Крст формираше четири мидециснки тимови, а обезбедено е и специјално возило за мобилност на тимовите. Два од тимовите со целокупен медицински персонал ќе бидат мобилни, додека другите два ќе работат во посебни простории во седиштето на Црвен Крст Охрид, информираше Ѓоко Апостолов од  Секторорт за туриузам и локален економски развој при Општина Охрид.

Општина Охрид го реализира овој проект заедно со Заводот за кардиоваскуларни заболување „Св. Стефан“ и Црвениот Крст Охрид. Тој се имплементира подолг период и требаше да заврши на 31 декември оваа година, но кризата предизвикана од вирусот ковид -19, ќе го пролонгирана истиот за најмалку шест а најмногу девет месеци. За финалната реализација на проектот ни останува најважното, да бидат опфатени лицата што немаат добар пристап до здравствени услуги. – истакна Апостолов.

Општина Охрид, во наредниот период ќе продолжи да поддржува и други вакви проекти  во кои се вмрежуваат релевантни здравствени институции, во насока на олеснување на функционирањето на преоптоварениот здравствен систем, со цел полесно и побрзо да се надмине кризата предизвикана од КОВИД 19, – истакна градоначалникот Георгиески.

Овие мобилни тимови во голема мера би ја олесниле работата на здравствените институции и медицинскиот персонал во услови кога тие се преоптоварени  со работа, а нивните капацитети максимално исполнети. Тие во овој перид  ќе  бидат нивна дополнителна помош. – рече Георгиески.

Со новиот проект, ќе им биде олеснет пристапот до здравствените услуги на лицата од рураланите средини, лицата со инвалидитет и нарушена мобилност, како и на луѓето од ранливите категории кои се граѓани на Охрид,  истакна Др. Виолета Мојсовска од Заводот за кардиологија „Св. Стефан“ во Охрид.

Специјална болница за кардиоваскуларни заболувања како партнер во проектот на располагање ќе стави дел од својот медицински и технички персонал, кој ќе биде поделен во два тимa. Прегледите ќе бидат насочени кон кардиоваскуларната патологија, со мерење на крвен притисок и правење на електро кардиограм и други прегледи. – додаде Др. Мојсовска.

Тимовите ќе работат со претходно одреден план и динамика. Закажувањето на прегледите ќе биде слично како „Mој термин“. Лицата кои ќе имаат потреба за преглед ќе можат да го закажат истиот преку телефон, по што ќе добијат точен датум и време кога ќе бидат посетенi или кога можат да дојдат, објасни првиот човек на Црвен Крст Охрид, Сашо Точков.

Сите резултати ќе бидат архивирани со посебен софтвер, преку кој ќе имаат увид и матични доктори, со цел и тие да бидат запознаени со прегледот. – потенцираше Точков.

 

Во договор со грчкиот партнер од проектот, Општина Охрид ќе испрати барање за дополнителни финансиски средства, кои комплетно ќе ги насочи во борбата со вирусот Kовид -19. Со финансиските средства ќе се набават брзи тестови, домашни концетратори за кислород, заштитна опрема и се друго што е потребно за ефикасна и успешна борба со коронавирусот.

Тимовите со работа ќе започнат  вторник.

OhridNews