Египетските и јапонските археолози во понеделникот започнале реставрација на дрвен брод стар 4500 години, кој бил пронајден покрај пирамидите, едни од главните туристички атракции во Египет. тоа е еден од двата брода кои биле закопани покрај фараонот Куфу. Се претпоставува дека старите египќани верувале дека бродовите ги превезуваат фараоните во задгробниот живот.

Куфу, кој е познат и под името Кеопс, е прочуен по тоа што ја изградил големата пирамида во Гиза, најголемата од сите пирамиди. Тој бил син на Снефер и бил вториот владетел на четвртата династија околу 2680 година пред нашата ера и владеел со Египет 23 години. Двата брода биле откриени во 1954 година. еден од нив бил изложен во музејот кој се наоѓал покрај пирамидите. Другиот брод, кој сега се реставрира, останал закопан.