Археолозите во Египет пронашле десетици мумии во внимателно насликани саркофази од времето на фараоните. Овие мумии се први пронајдени во карпата прекриена со песок која ја опкружува пирамидата Лахун, за која се верува дека е од 4000 години пред нашата ера.
Оваа локација е откриена пред повеќе од еден век, но тогашните археолози не и давале големо значење па ја проучиле само површно. Гробниците биле одвоени од карпата и варирале во дизајнот, а повеќето од нив биле во прекрасни и јасни бои.