Во Ракометниот клуб Охрид има уште една причина за среќа и задоволство, откако Мартин Манасков доби потврден одговор за понудата за брак од долгогодишната девојка Кристина Максимоска. Манасков романтичната церомонија ја организирал во Египет каде заедно се на одмор со Кристина.

Претходно, во Египет за сопруга својата девојка ја побара охридскиот капитен Крсте Андоновски.

Спортската редакција на OhridNews им посакува среќен и долг заеднички живот на Мартин и Кристина.

OhridNews