Лекарите се обидуваат да ја расветлат мистеријата на едно индиско село во кое службено има 250 пара близнаци во само 2000 семејства. Таму се раѓаат близнаци шест пати повеќе од просекот во светот.


Локален лекар го проучува овој феномен последниве две години и вели дека последниве десет години бројот на близнаци се зголемил двојно. Жителите велат дека феноменот се појавил неодамна, во последните три генерации. Без адекватни инструменти за биохемиска анализа не може да се открие причината за оваа појава, но се претпоставува дека е од храната што ја конзумираат мештаните.