Рекреативецот од Белгија по име Штефан Енгелс поставил гинисов рекорд бидејќи за 365 дена, колку што има во годината, истрчал исто толку маратони. Штефан минатата година секојдневно трчал патеки подолги од 42 километри, што вкупно е повеќе од 15 илјади километри.


Тој маратоните ги трчал во Белгија, Англија, Канада, Америка, Мексико, Португалија и Шпанија, каде и ја завршил својата тура, а негова основна цел била да ги мотивира луѓето што повеќе да се движат. Секојдневно со него трчале околку десет други лица, а маратоните не му претставувале никаков проблем. Ова е негов втор гинисов рекорд, а првиот го соборил 2008 година, откако успеал да заврши 20 триатлони за една година (маратонска трка, 180 километри возење велосипед и 3,85 километри пливање).