Шкотска во целиот свет е позната по вискито, но од оваа недела главниот град на Шкотска ќе се претвори во собиралиште на обожаватели на паранормалното.
Фестивалот во Единбург ќе се одржува до 18 мај.
Обожавателите ќе се нафрлат на истражување на темните страни на градот. Историчарот на паранормалното, Ричард Феликс, рекол дека градот во тој период е преполн и со живот и со смрт. Во друштво на новинари го изговорил тоа додека поминувале покрај најомиленото место на љубителите на духови, „Mary King’s Clos“. Тоа е сплет на подземни улици со неславно минато, скриени под стариот град.
Во Mary King’s Clos имало карантин во кој умирале болните од куга во 17-от век, а исто така таму се забележани и паранормални појави. Тие што го посетиле карантинот, почувствувале како некој ги допира по рацете и нозете.
Одозгора е изградена нова зграда, но улиците под неа останале недопрени. Жителите за време на фестивалот своите домови и улиците ги препуштаат во рацете на душите кои порано тука живееле.
Опседнатоста на британците е доста позната па организаторите очекуваат бројни посетители на необичниот фестивал.
Знаејќи дека Единбург имал насилно и немирно минато, не чуди што тој е одбран да биде седиште на фестивалот на духови.