Брачниот пар Келвин и Затера Спенсер освиле џекпот од милион долари на почетокот на овој месец. Две седмици подоцна, на 26 март, освоиле 50 илјади долари на една друга игра на среќа, а следниот ден среќата им се насмевнала и по трет пат.

Имено, повторно добиле милион долари откако ги изгребале броевите на една среќка. Овој пар од Портсмут, САД, вели дека се чувствуваат многу среќно и дека со сигурност можат да кажат дека ќе продолжат да играат различни игри на среќа.