Еден Тексашанин кој не се плаши од промени поставил нов рекорд во Гинисовата книга на рекорди ставајќи во еден ден 1197 пирсеви по целото тело. Тој за пет часа ставил 800 игли во неговиот грб, 300 во десната рака, 50 во ногата и дваесеттина во левата рака.
Рекол дека иглите му ги отстраниле кон крајот на денот но и дека му останале лузни насекаде. На настанот присуствувале и двајца медицински техничари како и фотограф од Гинисовата книга на рекорди. Првобитната идеја му била да стави 2000 пирсеви, но морал да застане поради неподносливата болка.