Охриѓанка пријавила дека во нејзиниот двор угинато е бездомно куче, најверојатно од труење.

На инсистирање на љубители на животни направен е увид на местото на настанот, како и записик, во кој било констатирано труење.

Охриѓанката во чиј двор се случил немилиот настан, сега стравува за безбедноста на својот миленик, поради расфрланиот отров наоколу, од кој веќе настрада животно.

Иако постои закон, до сега никој не е казнет за труење и нехумано однесување со животни, а не е изграден ниту соодветен систем за решавање на проблемот со бездомните животни во градот, кој и натаму е актуелен.

OhridNews