На 10.03.2025 во 19.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Велгошти, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 24 годишно лице од с.Велгошти и мопед „лонгиа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Лешани, општина Дебрца.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од мопедот, а со телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал мопедот и возачот на патничкото возило, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Општата болница – Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од СВР Охрид.

На 10.03.2025 во 22.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Охрид, помеѓу с.Ботун и с.Климештани, општина Дебрца, патничко возило „фиат пунто“ со охридски регистарски ознаки“, управувано од 30 годишна жена од с.Коњско, охридско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews