На улицата „Андреа Јованоски“ во Охрид, вчера, во 16.25 часот, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Лада“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 55-годишен стружанец и мопед „Баотиан“, со охридски регистарски ознаки, управуван од 29-годишно лице од Охрид. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.
Вчера, се случила уште една сообраќајна незгода, во 22.55 часот на кружниот тек на влез во Струга, во која патничко моторно возило „мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, управувано 44-годишно лице од Охрид, излетало од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“- Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга.
OhridNews