Вчера утрото на улицата „15 Корпус“ во Охрид, се случила сообраќајна незгода во која учествувале велосипед управуван од 76-годишен охриѓанец и автомобил „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 23-годишен жител на село Лескоец.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кој е пренесен и задржан на лекување во болницата „Св.Еразмо“.

Увид извршија полициски екипи и судски вештак, информира СВР Охрид.

Исто така вчера, во 10.10 часот, на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ во Струга, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, и жена пешак (63) од струмичкото село Куклиш. Таа се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната медицинска помош во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, е пуштена на домашно лекување.

Попладнето, пак, околу 18 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, жителка на Вевчани го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз вработената (37) од Гостивар. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата

OhridNews