Синоќа во 23.45 часот, во СВР Охрид, приведен е 36-годишерн жител на охридското село Долно Лакочереј.
При преглед во неговиот автомобил „рено“, извршен на улицата „Живко Чинго“ во Охрид, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Ноќеска во 02.10 часот, во угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведен бил 29-годишен државјанин на Босна и Херцеговина, кај кого полициски службеници пронајдоа и одзедоа кокаин.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.
Г.М.