На 08.10.2023 во 03 часот во угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид лишено од слобода е 28 годишно лице од Охрид.
Кај него полициските службеници при извршен преглед, пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 08.10.2023 во 03.10 часот, во близина на угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид лишено од слобода е и 25 годишно лице од Охрид.
При извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews