Вчера во 15.40 часот во атарот на охридското село Скребатно, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 46 годишно лице од Охрид.

Тој бил затекнат при нелегален транспорт на 8,5 метри просторни нежигосано огревно дрво со товарно моторно возило „ГМЕ“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на друго лице од Охрид. Товарното возило, огревното дрво и една моторна пила се одземени и предадени на Шумската полиција. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Истиот ден, во 09.45 часот на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид од 58 годишно лице од Охрид одзедоа товарно моторно возило „Там“ со струшки регистарски ознаки, натоварено со четири метри просторни огревно дабово дрво за кои не поседувал документација.

Дрвната маса, возилото и други предмети биле одземени и предадени на Шумска полиција и сместени во стовариште на Ј.П. „Национални шуми“ во Охрид. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, додава Димоски.

OhridNews

фото. Архива