Најмалку шест лица загинаа, а 219 се повредени во два бомбашки напади врз полициски станици во Турција, соопштија турските власти. Во нападот на полициската станица во источната провинција Ван доцна ноќеска убиен е полицаец и двајца цивили. Најмалку 73 лица, меѓу кои 53 цивили и 20 полицајци се ранети.

Властите за нападот ја обвинија Работничката партија на Курдистан (ПКК), јави агенцијата АП, потсетувајќи дека командантот на ПКК минатата недела се закани дека ќе ги засилат нападите против полицијата во турските градови. Само неколку часа подоцна, уште еден автомобил бомба го погоди седиштето на полицијата во градот Елазиг на истокот на Турција. Загинаа три полицајци, а 146 лица се ранети, од кои 14 се во тешка состојба. По експлозијата пожар ги зафатил автомобилите кои биле паркирани во близина на станицата.На снимките се гледа густ чад, превртени автомобили, искршени стакла на полициската станица.

Турските безбедносни сили се мета на секојдневни напади од страна на ПКК откако во 2015 година пропадна двоиполгодишното примирје, при што убиени се стотици полицајци и војници.

Владата вети дека ќе продолжи со напорите со цел искоренување на ПКК од источна Турција.

OhridNews
извор Макфакс