Денешениот билтен на МВР содржи три поединечни случаи на пријави на граѓани кои биле каснати од кучиња скитници. Од нив, две пријави се од жители на Скопје, една од Неготино.

Во Скопје, 54-годишен скопјанец пријавил дека на 18-ти февруари, околу 12.00 часот на булеварот „Гоце Делчев“ бил нападнат и каснат од куче-скитник во пределот на левата нога. 48-сограѓанка пријавила дека на 20-ти февруари околу 15.00 часот на булевар „АСНОМ“ била нападната и касната од куче-скитник во пределот на десната рака.

Во Неготино пријавата е од 61-годишна жена која изјавила дека била нападната од неколку кучиња – скитници, при што била касната во пределот на нозете.

Проблемот со кучињата скитници веќе неколку години е актуелен во целата земја. Куќињата скитници се во се поголем број, инцидентите многу чести. И покрај најавите на надлежните за отварање на стационари и кастрирање на кучињата со цел намалување на нивниот број, конкретни мерки на терен нема.

OhridNews