Во организација на Педагошкиот Факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола и Општина Охрид, денеска ќе биде промовиран универзитетскиот учебник “Микропедагогија“ од професор д-р Драган Јанкоски.
Промоцијата ќе се одржи во големата сала на зградата на локалната самоуправа со почеток во 19 часот.
Културните збиднувања утре ќе бидат збогатени со уште една промоција. На иницијатива на градоначалникот Александар Петрески а во организација на Секторот за јавни работи при општина Охрид, пост-хумно ќе биде промовирана книгата “Охридски раскази“ од Зоран Ковачески.
Издавањето на оваа книга е своевидно оддолжување на родниот Охрид кон творештвото на починатиот Ковачески, кој беше судија во Основниот Суд во Охрид, а во македонското литературно творештво важеше за мајстор на кусиот расказ во поновата македонска проза за што сведочат бројни награди што ги добиваше на разни конкурси.
Промотивна беседа по повод издавањето на Охридски раскази“ ќе одржи познатиот книжевник и литературен критичар, Венко Андоновски. И оваа промоција ќе се одржи во големата сала на зградата на локалната самоуправа со почеток во 19 часот.
Ohridnews