Компанија со седиште во Канада има намера да гради четири одморалишта „MOON“ со изглед и во облик на Месечината, од кои првото е планирано за Дубаи. Топчестиот хотел висок 222 метри ќе ги содржи сите погодности што се очекуваат од луксузно одморалиште.
Проектот вреден пет милијарди долари ќе вклучува и искуство со „месечева колонија“ и „месечевата површина“, со цел делумно да се донесе вселенскиот туризам на Земјата. Според основачите на компанијата, Сандра Метјуз и Мајкл Хендерсон, кога ќе биде завршено, одморалиштето ќе може да пречека до 10 милиони посетители годишно. Се проценува дека изградбата на овој уникатен ресорт во Дубаи ќе трае две години.
Од архитектонска, инженерска и дизајнерска гледна точка, „MOON“ може да се изгради, заклучи Хендерсон.
Хотелот ќе вклучува и ноќен клуб, центар за настани за до 5.000 гости, спа-центар, салон за џез-пијано и салон на повеќе нивоа заснован на вонземски вселенски брод. Големиот конгресен центар е наменет да привлече изложувачи од областа на технологијата и вселенната.
Луксузните простории од 185 квадратни метри доаѓаат со доживотно членство во „MOON“ и ексклузивни привилегии.
OhridNews
Фото: Миа