Сообраќајната полицијата при контрола спроведена вчера на територија на целата држава, казнила 271 возач, поради управување возило со брзина поголема од дозволената.
Од санкционираните, 28 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа,132 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 139 надвор од населено место, велат од МВР.
Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Нагласуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
OhridNews
фото: МВР