Тери Праути гордо ја покажал својата колекција на оси која ја собирал повеќе од 25 години. Тој е воодушевен од сите видови инсекти, а наместо поштенски марки или монети, уште од раното детство собирал гнезда со оси. Пораснал во Луизијана, каде се заљубил во осите. Собира гнезда кои им припаѓаат на осите, пчелите или стршлените.


Вели дека луѓето имаат предрасуди кон овие инсекти бидејќи не се доволно едуцирани околу нивниот начин на живеење. Повеќето гнезда ги набавил преку интернет, а ги има повеќе од 100. Најголемото било високо повеќе од еден метар, а го купил за нешто повеќе од 100 евра.