Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело  „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, надворешната канцеларија за криминалистички работи при полициската станица во Струга, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против 34-годишно лице од струшкото село Октиси.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, при извршен претрес во неговиот дом, во дворот пронајдени и одземени се саксии со стебла од растителниот род Cannabis, како и дрога марихуана.

OhridNews