Хеја Шарон успеала да ги пронајде своите обетки, украсени со трикаратни дијаманти, во море од ѓубре во една градска депонија.


Заедно со сопругот и екипа на ѓубраџии, „прочешлале“ цело брдо од отпадпци пред ѓубрето да биде пресовано и однесено на рециклирање. Обетките се наоѓале во сад со течност за чистење, кој еден од вработените по грешка го фрлил во канта за ѓубре.

„Тоа е чудо“, рекла Шарон која обетките ги добила како подарок од сопругот за годишница од бракот.