Во Хрватска е донесена одлука за прогласување на природна непогода поплави на подрачјето на еден град и осум општини во жупанијата Меѓимурје.
Градоначалникот Матија Посавец одлуката за прогласување на елементарна непогода од поплави ја донесе по проценка на штетите предизвикани од неодамнешните обилни дождови и излевањето на реки и потоци, а на предлог на единиците на локалната самоуправа, пренесува Хина.
Природна катастрофа е прогласена за подрачјето на градот Мурско Средишќе и општините Доња Дубрава, Горњи Михаљевец, Коториба, Селница, Свети Јурај на Брегу, Свети Мартин на Мура, Штригова и Вратишинец.
OhridNews
Фото: МИА/Жупанија Меѓимурје