Лани во декември во земјава престојувале 39.222 туристи од кои 53 отсто се домашни, а 47 отсто странски посетители кои оствариле 78.237 ноќевања при што 52,9 отсто реализирале домашните, а 47,1 отсто странските туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 година бројот на туристите е зголемен за 50,3 отсто во споредба со претходната година. Кај домашните туристи има зголемување за 16,9, а кај странските гости зголемувањето е за 148,7 отсто.

Бројот на ноќевањата, пак, во 2021 година е зголемен за 36,3 отсто во однос на 2020 година. Кај домашните туристи има зголемување за 13,7, а кај странските за 165,1 отсто.

Најпосетено било Скопје со 14. 109 туристи од кои 3.673 домашни и 10.436 странски. Езерските места во државава се на второ место кои ги посетиле 10.895 туристи, од кои 7.574 домашни и 3.21 странски. Во езерските места остварени биле 19.700 ноќевања од кои 14. 213 домашни, а 5.487 странски.

OhridNews