Пиперкоски документарен филм за Водици го реализираше со снимателска екипа од Романија која ја документираше празничната церемонија минатиот јануари во Охрид. Филмот кој трае 75 минути содржи ексклузивни снимки и од еден поинаков агол го прикажува празнувањето на Водици, а режисерот Пиперкоски очекува тој да предизвика голем интерес кај јавноста.
Покрај во Македонија, документарниот филм за празнувањето на Водици во Охрид, режисерот Пиперкоски планира да го прикаже на повеќе меѓународни фестивали.