Во декември минатата година во државава се издадени 287 одобренија за градење, што е за 2.0 % помалку во однос на истиот месец од 2023 година, објави Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 954 058 илјади денари, што е за 22.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Во Охрид, во декември 2024, биле издадени 6 одобренија за градба, три на физички лица и три на деловни субјекти за изградба на 133 станови. Од нив 3 еднособни, 78 двособни, 51 трособни и 1 четорособен. Вкупната корисна површина изнесува 7 995 м2. Предвидената вредност на објектите изнесува 353 370 илјади денари. Во Струга во овој месец нема издадено нуту едно одобрение за градба, велат податоците на ДЗС.
За споредба, во 2023 година, во Охрид биле издадени 8 одобренија за градба на шест физички лица и два деловни субјекти. Предвидена била изградба на 22 станови, со вкупна корисна површина од 1 325 м2, а предвидената вредност на објектите изнесува 76 681 илјади денари.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, во декември 2024, на ниво на држава, 175 (61.0 %) се наменети за објекти од високоградба, 48 (16.7 %) за објекти од нискоградба и 64 (22.3 %) за објекти за реконструкција. Од вкупно 287 објекти, на 157 (54.7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 130 (45.3 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 705 станови, со вкупна корисна површина од 59 557 м2.
Н.С.Ј.