Во декември ќе излезе тајниот албум на Ејми Вајнхаус, кој пејачката го снимила само неколку месеци пред својата трагична смрт. Музичкиот материјал наводно бил снимен додека таа била на хероин. На омотот ќе стои нејзина фотографија, а насловот на албумот би требало да гласи „Лавица: Скриени богатства“. Една од песните кои би требало да се најдат на албумот зборува за тоа како пејачката го изневерувала својот сопруг Блејк за време на нивната проблематична врска.


И нејзиниот татко Мич го преслушал албумот и изјавил дека сеуште не може да поверува колку генијална била неговата ќерка. На албумот се наоѓале 12 песни, а некои од нив Мич претходно никогаш не ги слушнал. Меѓу нив била и нумерата “Halftime”, за која рекол дека е преубава. Блиските пријатели на Ејми, кои воедно се продуценти, Салам Реми и Марк Ронсон, веќе неколку седмици биле заклучени во студио и ја привршувале работата околу албумот. Постхумниот албум ќе излезе на 5 декември, а по еден долар од секој продаден примерок ќе оди во фондацијата Ејми Вајнхаус и ќе биде наменет за помош на децата.