Утре, петок, општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Дебрца ќе организираат  прослава во село Црвена Вода по повод 72 година од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ и други значајни настани од НОВ и Револуцијата во 1943 година.

Во рамки на одбележувањето со почеток во 10 часот во селото Црвена Вода ќе биде положено свежо цвеќе на спомениците на паднатите борци од НОБ и жртвите на фашистичкиот терор и  ќе се изврши посета на спомен Домот на ГШ на НОВ и ПОМ. Во 11 часот свечено ќе биде отворен реконструираниот споменик на паднатите борци и на жртвите на фашизмот во НОБ во селото Белчишта, а пред присутните ќе се обратат  претседателот на ОО на СБ Охрид и Дебрца Гоце Георгиески и Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски.

Предвиден е настап и на хорот и рецитал на учениците од ОУ “Дебрца”, а ќе биде посетена и спомен собата на НОБ и ликовната колонија.

OhridNews